Ахмети се сретна со Даниелсон

Од:

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска во седиштето на Европската Унија во Скопје имаше работна средба со Кристијан Даниелсон, директорона Генералниот директорат за проширување на Европската Унија и со амбасадорот на ЕУ во Скопје, Аиво Орав.

Ахмети и Даниелсон, соопшти ДУИ, размениле впечатоци за последните случувања во Македонија, спроведувањето на договорот од Скопје и за реформите.

Лидерот на ДУИ Ахмети, се подвлекува во соопштението, истакнал дека ДУИ се ангажира за итно враќање на Парламентот, да се одложат изборите, за промена на законот за помилување и да се обезбеди гаранција за работата на Специјалниот обвинител.

– Во следните итни чекори, ДУИ целосно ќе се посвети за спроведување на реформите кои произлегуваат како обврска од страна на нашите евро-атлантски партнери и нашата работа нека се оценува од делата. ДУИ се ангажира со потполно уверување за реформската агенда во согласност со евро-атлантските аспирации и очекувањата на нашите пријатели во Брисел и Вашингтон, стои во соопштението и се додава дека оваа агенда треба да биде сеопфатна и да ја добие поддршката од целото општество со цел земјата да се подготви за веродостојни избори.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ