Ахмети се сретна со бугарскиот амбасадор Петков

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово имаше средба со амбасадорот на Бугарија во Македонија Иван Петков.

Како што соопшти ДУИ, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во земјата, за македонската евроинтеграција и за потребата од продлабочување на соработката меѓу Македонија и Бугарија.

Амбасадорот на Бугарија го информирал Ахмети за политичката ситуација во Бугарија по изборите, нагласувајќи дека Софија го поддржува членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Воедно ја истакна и потребата од развивање добрососедски односи и потпишување билатерален договор помеѓу Софија и Скопје.

Претседателот Ахмети изрази целосна поддршка за потребата да се потпише договор за добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија и побара овој процес да заврши што е можно поскоро, без непотребни одлагања.

ДУИ смета дека конструктивниот дијалог меѓу Македонија и Бугарија треба да се формализира час поскоро со договорен меморандум помеѓу Скопје и Софија.

Во текот на разговорот, Ахмети ја нагласи потребата од поддршка на Бугарија во Брисел за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, но побара и конструктивност од Бугарија и другите земји членки на ЕУ за барањето на ДУИ за ангажирање на Европската комисија во решавањето на, како што рече, политичката криза во Македонија.

– Стабилна Македонија, интегрирана во НАТО и ЕУ, претставува интерес на сите соседи и на регионот, но и на Брисел и затоа Европската комисија не треба да се колеба околу делегирањето политичка екипа, засилена со правни и истражни експерти, за да го поддржат решавањето на аферата со масивното прислушкување во Македонија, подвлекол Ахмети на средбата со Петков.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски

Бајрам Реџепи: Тетово треба да биде инклузивна и отворена општина

А1он