Ахмети се сретна со британскиот државен министер за Европа, Лидингтон

Од:

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска во резиденцијата на британскиот амбасадор во Скопје Чарлс Гарет се сретна со Давид Лидингтон, државен министер за Европа. 
 
Како што соопшти денеска ДУИ, претседателот на партијата Ахмети и министерот Лидингтон разговараа за предизвиците со кои ќе се соочи Македонија пред и по изборите вклучувајќи ги и евроатланските интеграции, реформите и меѓуетничките и меѓусоседските односи.
 
– Ахмети ја изрази поддршката за напорната работа на Државната изборна комисија и истакна дека институциите треба да и излезат на пресрет на ова тело за спроведување на изборите со надеж дека ниту една политичка партија нема да го попречува процесот на било кој начин. Времето е повеќе од доволно за сите подготовки за 5. јуни, додека овие избори ќе бидат најнабљудувани избори во историјата на земјата. Ахмети верува дека ќе бидат најдобро развиени во Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.
 
На средбата меѓу другото се разговарало и за прашањето за името и евроатлантската интеграција, како една од приоритетите на земјата по изборите со спроведување на Охридскиот Договор.
 
– Ахмети оцени дека членството во НАТО доведува до релаксација на меѓуетничките односи, стабилноста и одржлива безбедност, но е и предуслов за економскиот развој како и го олеснува отворањето на преговорите за членство во Европската Унија, стои во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански