Ахмети се сретна со белгиската амбасадорка Ван Калстер

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска оствари работна средба со Аник Ван Калстер, амбасадорката на Белгија во Република Македонија, со седиште во Софија.

Соговорниците, како што соопштија од ДУИ, разговарале околу актуелната ситуација во земјата и во регионот, економскиот развој, меѓуетничките односи, како и евроатланската интеграција.

Претседателот Ахмети говорел за потребата за конкретна меѓународна ангажираност во однос на решавање на спорот меѓу Скопје и Атина кој, како што истакнал, не држи далеку од интеграцијата во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ.

– Без вклучување на меѓународните пријатели, ова прашање не се решава. Без побрзо решавање на ова прашање, не може да има трајна стабилност и мир во земјата и во регионот, уште помалку здрави меѓуетнички односи и економски развој, рекол Ахмети на средбата.

Тој ја поздравил белгиската инвестиција во Македонија со надеж дека успешниот пример на белгиската фабрика за автобуси ќе го поттикне приливот на нови белгиски инвестиции во Македонија со што ќе помогне во економскиот развој и отворање нови работни места.

– Но, и одржливиот економски развој е заложник на нерешавањето на прашањето за името и одложувањето на членството во НАТО и ЕУ, поради политичката и финансиската несигурност која влијае и кај странските инвеститори, потенцирал лидерот на ДУИ на средбата

Би можело да ве интересира

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски