Ахмети се сретна со амбасадорот на Турција Шолендил

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово, имаше средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Омур Шолендил.

Како што се наведува во соопштението од ДУИ, Ахмети и Шолендил разговарале за последните политички случувања во Македонија, начините за надминување на кризата, билатералната соработка меѓу Македонија и Турција, а размениле и мислења и за случувањата во регионот.

Ахмети, како што стои, го објасни напредокот кон постигнување на договорот па се до враќањето на Собранието и откажувањето на изборите закажани за 5-ти јуни годинава.

– Ахмети истакна дека Договорот од Скопје продолжува да функционира со полн капацитет додека Владата има за задача да ги спроведе потребните реформи од страна на меѓународната заедница и посака овој процес на договарање на реформите да биде сеопфатен, се наведува во соопштението.

Лидерот на ДУИ дал оценка за позицијата на Турција кон политичката криза со која се соочува Македонија и изразил уверување дека дијалогот меѓу партиите треба да биде во однос на враќање на безбедноста и стабилноста во земјата, додека спроведените реформи треба да создадат услови за спроведување на веродостојни избори.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански