Ахмети се сретна со амбасадорката Суомалаинен

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска имаше средба со амбасадорката Нина Суомалаинен, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на која станало збор за новите политички случувања во Македонија и во регионот, предусловите за изборите, Специјалниот обвинител, како и за препораките кои произлегуваат од анализата на Охридскиот Договор, соопшти ДУИ.

По откажувањето на предвремените парламентарни избори на 24 април и 5 јуни, оценил Ахмети, земјата не треба повторно да се соочи со, како што се наведува, „ваква несигурност која предизвикува институционална нестабилност, но, пред да се разговара за избори, партиите првично треба да се согласат дека условите за избори се исполнети и дека сите партии ќе учествуваат во процесот“.

– Прашањето за чистење на Избирачкиот список и прашањето за медиумите може да се решат ефикасно ако нема опструкции од страна на политичките партии, рекол Ахмети.

Во однос на анализата на Охридскиот Договор, лидерот на ДУИ истакнал дека македонските политички партии мора да ги надминат предрасудите во оваа насока, особено кога станува збор за службената употреба на албанскиот јазик во согласност со Уставот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Горан Наумовски

ДС: МВР да го спречи Ахмети да предизвика безбедносна криза

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

Ахмети: Уставниот суд да ги отфрли сите 13 иницијативи, да нѐ остави на раат да си одиме дома

Влен: Албанските граѓани очекуваат ДУИ да одговори, не со алиби, туку со факти

Горан Наумовски