Ахмети: СДСМ треба да внимава

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во одговорот во репликата кон Андреј Петров од СДСМ, предупреди дека сите релевантни фактори особено треба да внимаваат на меѓуетничките односи.

„Македонија е на сите нас, ова е нашата земја. Бидете внимателни со меѓуетничките односи зашто имаме голема одговорност пред граѓаните и идните генерации. Водете сметка, сите треба да водиме сметка за меѓуетничките односи“, нагласи Ахмети.

„СДСМ уште еднаш потврди дека нема намера да го смени курсот, останува на ставот што уште пред 10 години го кажа Бранко Црвенковски во своето тогашно експозе, кога рече дека шест години бил премиер, но не и на Албанците и на другите што живеат во Македонија“, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети во својата дискусија по интерпелацијата на Владата.

Петров одговори дека оваа реплика Ахмети ја упатил на погрешна адреса и дека СДСМ отсекогаш се залагал за почитување на законите и никогаш не ги подгрева меѓуетничките односи.

Би можело да ве интересира

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски

ВИДЕО: Жестока дебата за интерпелацијата за Тошковски

Катерина Ѓуровски

Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница

Катерина Ѓуровски

Во Собранието расправа за интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски

Трипуновски: Интерпелацијата е неиздржана, имаме повеќе сработено за две години за разлика од нивните седум години

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски