Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Од:

Со 71 глас за, пратениците во Собранието ја поддржаа интерпелацијата за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски пoднесена од Левица.

На седницата беше донесен и заклучок со кој се констатира дека наводите во интерпелацијата се основани.

Пратениците на СДСМ ја напуштија салата и не учествуваа во гласањето откако претходно го соопштија нивниот став дека интерпелацијата нема правни последици и дека Обвинителството треба да биде независно.

Обвинителот Коцевски не присуствуваше на седницита, а претходно писмено одговори на наводите од интерпелацијата и посочи дека твдрењата во неа се неиздржани и паушални, а дополнително дека Обвинителот не подложи на интепелација која е политичка категорија.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во петокот достави писмен одговор на интерпелацијата поднесена од пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев, од 26 јуни. Во неа, тој наведува дека функцијата ја врши чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, дека интерпелацијата е законски недозволена и дека институцијата е предмет на неосновани напади и тие се причина за ниската доверба во јавноста.

Во писмениот допис тој посочува дека иако поднесената интерпелација е недозволена согласно закон, фактот што подносителите без никаков аргумент бараат негова одговорност, покажува дека оваа интерпелација е политички, а не правно заснован инструмент со кој се овозможува упад во самостојноста на Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски

ВИДЕО: Жестока дебата за интерпелацијата за Тошковски

Катерина Ѓуровски