Ахмети: САД директно да се вклучат во решавање на прашањето за името

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со американскиот амбасадор Пол Волерс, ги повикал САД да се ангажираат директно и интензивно за решавањето на единствената пречка која што стои меѓу Македонија и зачленувањето во НАТО и започнувањето на преговори за членство во ЕУ.

– Прашањето со името не треба да ги држи во заложништво нашите стратешки приоритети и затоа треба да се пронајде решение што е можно побрзо со олеснувањето со олеснување на меѓународната заедница, рекол Ахмети, се наведува во соопштението од ДУИ.

Амбасадорот Волерс, се вели во текстот, ја нагласи уште еднаш подршката на САД за
евроатлантските интеграции на Македонија и поттикнуваат дијалог помеѓу Македонија и Грција за решавање на спорот со името.

ДУИ и Албанците воопшто, но и мнозинството граѓани на Македонија не ја сакаат изолацијата, туку инсистираат на интеграцијата на земјата во Брисел затоа што само овој процес може да донесе стабилен мир, сигурност, но и економски развој и нови работни места, посочил Ахмети.

На средбата Ахмети и амбасадорот Волерс разменија мислења, како што се наведува, околу интензивнта кампања на ДУИ за забрзување на евроатлантскиот интегративен процес, како и политичките случувања во земјава и регионот.

Би можело да ве интересира

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски

ДУИ: Потребни се итни реформи и уставни измени

ВРЕДИ: Коалицијата на ДУИ се стопи како пластелин

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми