(ВИДЕО) Ахмети: Разочаран сум од Села, не е подготвен за големи процеси

Од:

Многу сум разочаран поради погрешната страна што ја превезема Зијадин Села и би сакал тој да има поконструктивен пристап во правец на процесите. Села не е подготвен за големи процеси, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешната средба со новинарите.

– Уште повеќе сум вознемирен од вчерашната изјава на Села дека Ахмети и ВМРО-ДПМНЕ се организатори на неговото физичко елиминирање за потоа да го елиминираме и политички, вели Ахмети.

Лидерот на најголемата албанска партија во Македонија рече дека нема да има предвремени избори бидејќи има одржлива и сигурна коалиција како и добра програма која очекува да се реализира.

– Очекуваме имплементација на реформите, многу е важно да се сконцентриаме на тоа, посебно на реформите во судството каде треба да се упатат сите сили за успешни промени во овој сектор.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански