Ахмети разговараше со холандски парламентарци, денеска на средби во Брисел

Од:

Со средби во холандскиот Парламент, лидерот на ДУИ Али Ахмети ја заврши посетата на Холандија. Тој разговарал со членови на парламентарната комисија за европски прашања и со претставници на сите холандски парламентарни партии.

Ахмети, како што соопшти ДУИ, се заблагодарил за придонесот на Холандија за усвојувањето на Охридскиот договор, како и во годините на градењето на оддржливиот мир и добрите меѓуетнички односи во Македонија. Тој ги нагласил разликите во интерпретација меѓу албанските и македонските политички партии околу службената употреба на албанскиот јазик во согласност Уставот и Охридскиот договор, но изразил убедување дека ова прашање ќе се реши со меѓусебно разбирање.

Пред холандските пратеници, Ахмети главно говорел за потребата од решавање на прашањето со името при што ги поздравил ставотите на холандскиот министер за надворешни таботи Франс Тимерманс за превземање конкретни чекори во правец на постигнување на здрав дијалог меѓу Македонија и Грција со меѓународно олеснување.

Пратениците, покрај за прашањето со името, изразиле интерес и за имплементирањето на реформите во Македонија, посебно околу владеењето на правото, слободата на медиумите, политичкиот дијалог, пописот на населението, како и за меѓуетничките односи.

Заменик премиерот Фатмир Бесими елаборирал околу домашните напори за реализација на овие реформи и за поставување на конструктивен дијалог со новинарите околу законот за медиуми.

Од Хаг, делегацијата на ДУИ замина во Брисел каде што денеска ќе има состаноци во службата за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, во Германското Постојано преставништво при НАТО, во Центарот на независни дипломати, како и со новоименуваниот директор за проширување на ЕУ, Кристиан Дениелсон.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски

ДУИ обвинува: Политички притисок преку отпуштања во Министерството за односи меѓу заедниците

Владата да се избира со „извршен Бадентер“, предлага Али Ахмети

Катерина Ѓуровски