Ахмети: Расцепканиот глас е изгубен глас

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција и носител на кандидатската листа за пратеници во Шестата изборна единица, Али Ахмети, денеска имаше средба со жители во општина Пласница.

– Гласот не треба да се потцени ниту, пак, треба да се расцепка. Расцепканиот глас е изгубен глас, им порача Ахмети на жителите на Пласница.

Тој истакна дека опцијата што ја нуди ДУИ има за цел напредок на албанскиот народ. За работите да одат како што треба, потребен е ангажман на усовршен кадар, а таков, рече тој, поседува Демократската унија за интеграција.

Ахмети имаше средби и со жителите на Дебреште, Црнилиште, Лажани и посети населени места во општина Долнени.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански