Ахмети придружуван од вицепремиерот Џафери во посета на Република Бугарија

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети придружуван од вицепремиерот Муса Џафери и шефот на кабинетот на претседателот и негов политички советник, Артан Груби, како и портпаролот Бујар Османи, денеска ќе престојуваат во официјална посета на Република Бугарија.

Ахмети, информираат од ДУИ, ќе се сретне со бугарскиот премиер  Пламен Василев Орешарски, и со министерот за надворешни работи Кристиан Вегенин. Ахмети исто така ќе оддржи предавање на Дипломатскиот Институт на Министерството за надворешни работи на Бугарија на тема „100 години по Балканските војни, помирување и интеграција“.

Претходно, Ахмети престојуваше во САД каде што оддржа средби во Белата куќа, Конгресот, Стејт Департмент, Пентагон како и во постојаните мисии на САД, Велика Британија и Франција при ОН, во Германија каде ги посети Министерството за надворешни работи и Владата, како и во Албанија каде се сретна со премиерот во заминување Сали Бериша, со идниот премиер Еди Рама, како и со идниот претседател на Парламентот, Илир Мета.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански