Ахмети: Премиерот Заев ја ризикуваше политичката кариера за да го одблокира патот на земјата кон ЕУ

Од:

Премиерот Зоран Заев ја ризикуваше својата политичка кариера само за да го одблокира патот на земјата за интегрирање во Европската Унија, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изнесувајќи став во однос на интервјуто на Заев за бугарската агенција Бгнес, кое на наиде на бурни реакции во јавноста.

Ахмети изјави дека се надева на конструктивност од страна на Бугарија и додаде дека очекува помош од Брисел за побрзо изнаоѓање заедничко решение.

„Сметам господинот Зоран Заев има добра волја да реши важен проблем што има врска со иднината на нашата земја, за отворање на преговорите со ЕУ. Тој ја стави во ризик својата политичката кариера за доброто на земјата и граѓаните на Република Македонија. Знаете дека ние се солидаризираме со нашите македонски сограѓани и никогаш не сме спориле за ништо, без оглед дали се работи за историја, јазик или култура. Порачувам да не нѐ обземаат емоциите, туку да бидеме рационални, што е можно поразумни за да го решиме ова прашање. Се надевам на поддршка од бугарската страна која се изјасни дека е за наша интеграција во ЕУ и верувам дека ќе покаже подготвеност да ги надминеме овие разлики и да го отвориме патот за членство во ЕУ. Верувам во европските вредности на Бугарија и верувам дека овие разлики ќе бидат надминати, набрзо, во наредните денови “, изјави Али Ахмети, претседателот на ДУИ, по завршувањето на свечената академија во чест на Денот на албанското знаме.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Горан Наумовски

ДС: МВР да го спречи Ахмети да предизвика безбедносна криза

Влен: ДУИ е разочарана, пропадна планот да го поништат Законот за јазиците

Горан Наумовски

Реакција на ВРЕДИ на изјава на Ахмети: Ни „улицата“ нема да го спаси

А1он

Ахмети: Го цениме потегот на Таравари, тој брзо сфати тека оваа влада е антиалбанска

Села: Нема ништо лошо во средбите на Ахмети со Таравари, целиот албански политички фактор треба да се обедини