Ахмети: Пред да продолжат разговорите со Грција, Македонија во НАТО под привремената референца

Од:

Главни приоритети на новата коалициска влада на Македонија се решавање на долготрајниот спор со Грција за името и приклучувањето на земјата во НАТО под референцата „поранешна југословенска Република Македонија“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, додавајќи дека решавањето на спорот за името е еден од најголемите приоритети за државата.

-Ние сме соседи и нашата заедничка иднина е Европската унија. Грција мора да биде носител на факелот кој ќе нè води кон ЕУ. Земјата би можела да се приклучи кон НАТО под референцата ПЈРМ, пред да започнат разговорите за решавање на спорот за името, рече Ахмети.

Според претседателот на ДУИ, мора да се преземат чекори за да почнат работите конечно да се движат.

-Мора да ги земеме предвид геополитичките прашања и да работиме напорно на пристапувањето на Западен Балкан, бидејќи придобивки ќе имаат сите, изјави Ахмети кој истакна дека Македонија нема никакви територијални претензии кон Грција.

-Сакам категорично да нагласам дека Скопје нема никакви територијални претензии кон Грција и да ја уверам Атина дека Грција нема да се соочи со никаква закана од својот северен сосед, рече Ахмети.

Би можело да ве интересира

Одговор до Путин: НАТО инвестира огромни пари во моќна ракета со дострел од 2.000 километри

Горан Наумовски

Лидерите на НАТО во Анкара: Територијалниот интегритет на членките не може да биде предмет на дискусија

Посилна Европа, посилно НАТО: Самитот во Анкара со нова визија за безбедноста

Бабиш: Големите земји-членки на НАТО треба да платат за понатамошна помош за Украина

НАТО најавува нови проекти во вселената и ракетната одбрана

Горан Наумовски

Трамп повторно го критикува НАТО, разочаран од недостатокот на поддршка за САД

Горан Наумовски