Ахмети: Политичкиот дијалог мора да се обнови и да се интензивира

Од:

Лидерот на Демократската Унија за Интеграција денеска во седиштето на ЕУ во Скопје се сретна со комесарот за добрососедска политика и преговори за проширување на ЕУ Јоханес Хан.

Фокусот на средбата, како што се наведува во соопштението од ДУИ, биле политичките случувања во Македонија, масивната афера со прислушкувањето, решавањето на спорот за името и Евроатланската интеграција.

Ахмети ја поздравил идејата на Хан за вклучување на властите од Брисел за надминувањето тешката ситуација во земјата.

– Политичкиот дијалог мора да се обнови значително и да се интензивира. ДУИ го поддржува овој процес и ги повикува страните да го решат ова прашање на транспарентен начин и со внимание кон заедничкото добро на земјата, рекол Ахети.

Ахети ја поздравил подготвеноста на г-дин Хан да разговара со Метју Нимиц за да се најде начин за решавање на името.

– Фокусот на Евроатлантската агенда не смее да се одложи и заедно со меѓународната заедница сите сили треба да ги сконцентрираме во решавањето на името, членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ, рекол Ахмети.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански