Ахмети: Подготвен сум да ги слушнам аргументите од Заев – зошто не Албанец премиер

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ Зоран Заев, на кои порача дека сака да ги слушне аргументите зошто премиер на државата не би можел да биде Албанец. Тој додаде дека неговата партија стои на оваа барање и дека тоа е дел од преговорите за коалиција.

“Сакам да слушнам аргументација по ова прашање, отворени сме да дебатираме – зошто не премиер Албанец. Ако излезат со некој силен аргумент, тука сме да го разгледаме. Отворено е оваа прашање, но ќе кажам: колку сме блиску, толку сме и далеку од договор. Нормално дека преговараме и ги изнесуваме нашите ставови на маса, но не би сакале да се крева еуфорија и емоции околу ова прашање. Не би сакале да ја оптоваруваме јавноста и со шпекулациите за моделот две години со две или три со една”, рече Ахмети.

Тој вели дека коалицијата ВМРО ДПМНЕ-СДСМ, според него е невозможна и дека ваквиот чекор би предизвикал мултиетнички тензии. Црвените линии за договор за коалиција за ДУИ, покрај барањето за премиер Албанец се и: спроведување на Преспанскиот договор, договорот со Бугарија, Охридски рамковен договор и ветинг за сите функционери, рече Ахмети.

Би можело да ве интересира

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Владата ги испраќа кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов