Ахмети: Парите наменети за ифтари да се дадат за хуманитарни цели

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, по повод месец Рамазан, апелира до неговите сопартијци парите наменети за ифтари да ги дадат за хуманитарни цели.

Ахмети, како што се наведува во соопштението на ДУИ, сака да им излезе во пресрет на учениците и студентите кои имаат економски проблеми, поради што апелира до своите функционери средствата што се трошат за ифтари да ги пренаменат за образование и за хуманитарни цели.

„Со инвестиции во нови кадри кои се љубители на мудроста, и кои немаат материјална можност за тоа, ние сме длабоко убедени дека со ова правиме одличен чекор за да се добие милост од Величенствениот во овие светли денови на Рамазан“, се додава во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански