Ахмети: Ова е време кога треба да се подобрат односите со соседите

Од:

Ова е и време кога треба да работиме и на подобрување на односите со нашите соседски земји. Ние не сакаме ниту нам, ниту на некој друг народ, да ни се врати минатото во кое имаше конфликти и страдање. Затоа инвестираме во добри меѓуетнички и меѓусоседски односи. Добро го познаваме минатото, но ја познаваме и сегашноста и иднината која е во НАТО и Европската унија, иднина во која ќе се отстранат границите за сите да живееме во слобода, истакна претседателот на ДУИ и носител на листата за пратеници за шестата изборна единица, Али Ахмети, на митингот во Теарце најави дека во слободната економска зона кај Тетово за пет години ќе има сериозни компании кои ќе отворат над 7.000 нови работни места.

– На средбите и митинзите каде што одам има добра и победничка атмосфера, а довербата кон ДУИ е се поголема. Сите Албанци кога ги прашувам велат „да“ за нашата опција и веруваат дека ќе ги исполниме сите сите нивни барања и нашите ветувања кои се во платформата на партијата, рече Ахмети.

Сега е времето, нагласи тој, кога треба да се доближиме до зачленување во Европска унија и НАТО, затоа што, Алијансата е мировна и политичка организација. Во тетовската економска зона за пет години ќе има отворено нови 7 илјади работни места во сериозни компании кои ќе инвестираат, истакна Ахмети, додавајќи дека сите активности се во правец на отворање нови перспективи за младите да не заминуваат на печалба во странство, туку да останат овде.

– Нашата програма е создадена со ангажирани 400 експерти од различни области, а тоа што е напишано во неа ќе се реализира и материјализира, рече Ахмети.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански