На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ, се појави само Али Ахмети. Како што рече лидерот на партијата на брифингот за новинарите, замислата била оваа средба да ги обедини лидерите во заедничките цели што ги имаат партиите. Ахмети вели дека жали што лидерите од албанскиот блок не дошле, иако иницијативата за средбата организирана од ДУИ била на нивно барање.
“Оваа средба ја свикав на барање на другите партии, кои вршеа пртисок да ја организираме. Жал ми е што не дојдоа и не станаа дел од заедничката агенда. Нивното недоаѓање би сакал да не го искористат за дневно политички цели. Во пресрет сме на значајни политички прашања, ќе ги претставев сите наши ставови, предлози за решавање на проблемите. Секое решение што ДУИ ќе го понуди ќе биде во интерес на земјата и македонските и албанските прашања. Време е да делувсме со огнено срце и со ладна глсва”рече Ахмети.
Како што велат од ДУИ, организирањето на оваа средба е резултат на заедничкиот договор што албанските партии го потпишаа по изборите во декември во 2016 година.
На средбата беа поканети Зијадин Села од Алијанса за Албанците, Африм Гаши од Алтернатива, Биљал Касами од Беса и Мендух Тачи, лидерот на ДПА.