Ахмети организира протест за поддршка на лидерите на ОВК во Скопје

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, најави дека следниот протест во поддршка на поранешните водачи на ОВК, на кои им се суди во Хаг, ќе се одржи во Скопје на 13 декември.

Протестот ќе започне во 13 часот на плоштадот „Скендербег“. Ахмети изјави дека целта е да се побара правда и да се испрати поддршка за, како што рече, „ослободителите кои неправедно се држат во затворите во Хаг“.

Тој ги повика Албанците да се приклучат на протестот, со цел да ја демонстрираат „чистата борба за слобода и независност“.

Ахмети претходно учествуваше на протестите во Приштина и Тирана, организирани во знак на поддршка на обвинетите поранешни лидери на ОВК.

Во Специјализираните совети во Хаг се суди на Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими за наводни воени злосторства извршени на Косово.

Би можело да ве интересира

Владата да се избира со „извршен Бадентер“, предлага Али Ахмети

Катерина Ѓуровски

Ахмети: ОВК не беше насочена против ниту еден народ, туку дека се бореше за слободата на својот народ

Собир во Скопје за поддршка на поранешните лидери на ОВК

Горан Наумовски

Агим Чеку се враќа на политичката сцена: Се приклучи на АБК и се бори за мандат во парламентот

ВРЕДИ: Со својот речник, Али Ахмети стави катанец на НАИ

А1он

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници, а Вреди 122