Ахмети: Ние ќе бидеме партнери со сите прогресивни сили во земјава и странство

Од:

Без оглед дали ќе има избори на 24 април или потоа ние останеме партнери со сите прогресивни сили како во земјава така и со странските, со овие зборови лидерот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети на собир во Гостивар им се обрати на сопартијците во освртот кон најавените парламентарни избори.

– Нашата партија е најдобро организираната партија и го во целост ги застапува интересите на албанците. Од кога постоиме, албанците се чувствуваат послободни, градат споменици и еве набрзо ќе добијат и втор универзитет. Затоа сакаме пред вас како електорат да ви преставиме како работиме и што сработивме. Горд сум што сум бил со луѓето кои не плашат и кои сакаат да победуваат. Ние победуваме затоа што ја имаме вашата доверба, рече Ахмети на собирот.

Ахмети со партиското раководство, министри во владата на РМ, пратеници, градоначалници на општини и други функционери присутвува на собир во спортската сала Младост на кој беа презентирани проектите кои биле реализирани во текот на нивното учество во власта.
На презентацијата беше кажано дека ДУИ со учеството во власта реализирале над илјада проекти со вредност од две милијарди евра, од кои 864 проекти за завршени, а уште 150 се во фаза на реазлизација.

Пред сопартијците, од говорницата се обратија и шефот на изборниот штаб Беким Незири, министерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, партеникот Таљат Џафери и градоначалниците на општините Гостивар и Желино.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански