Ахмети: Нека заврши кризата и заедно да градиме платформа за иднината

Од:

Демократската унија за интеграција вечерва пред своите членови и симпатизери во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ја претстави предизборната програма.

Говорејќи пред стружани, лидерот на ДУИ Али Ахмети и носител на листа во 6. Изборна единица истакна дека нема да се навраќа на она што е направено, бидејќи, како што рече, има уште многу што да се прави за утре да биде подобро од денес. Според него, треба да продолжат новите инвестиции кои ќе отворат нови работни места, што е добро не само за Аалбанците, туку за сите граѓани на Република Македонија. Секое работно место е проблем помалку, подвлече тој.

– Нека заврши оваа криза и да градиме заедно платформа за иднината. Одговорноста е на сите нас. Со овој изборен процес не завршува нашата борба за права. Се гледаме за пет месеци на локалните избори, нагласи Ахмети.

Носителот на листата во 5. Изборна единица Агим Шакири од стружани побара да гласаат за неговата партија, бидејќи како што рече, гласот за ДУИ е глас за образование на албански за населението во Лабуништа.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански