Ахмети не верува дека нешто може да му наштети на изборниот процес

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Македонија Кристијан Тимоние.

Ахмети му честитал на амбасадорот за новата задача изразувајќи уверување дека тесната соработка со официјален Париз ќе продолжи и во иднина.

„Ахмети и Тимоние разговараа и околу политичката ситуација и изборите на 11 декември како и интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. Ахмети ги изрази ставовите на ДУИ за политичката ситуација велејќи дека секој треба да го даде својот придонес за веродостојни и сеопфатни избор. Ахмети не верува дека може да има активности на штета на изборниот процес како и истакна дека ДУИ е против секој обид за заплашување или условување на гласачите“, се вели во соопштението.

Ахмети ја истакнал потребата од француската поддршка за силно продолжување на Евроатлантската перспектива на Македонија.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански