Ахмети: Нашата следна цел е да го избереме првиот премиер Албанец на Македонија

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на годишнината од партијата, порача дека време е Македонија да го добие првиот премиер кој ќе биде Албанец.

Тој додава дека во изминатите 18 години од постоењето на партијата, ДУИ се изборила за имплементација на Охридскиот договор, за три универзитети кои работат на албански јазик, потенцирајќи: „По принципот на консензуалност при донесување одлуки, Албанци носеа одлуки во Собранието, Министерството за одбрана, МВР, Народен правобранител на државата, Врховниот и Уставниот суд“

„Заедно го започнавме ова патување пред 18 години, се соочивме со секо предизвик и си верувавме едни на други, заедно ги определивме и остваривме нашите цели. На оваа годишнина која ја значајна за нас, да се сплотиме заедно и ја да дефинираме нашата цел што ќе ја постигнеме на следните избори, односно, да избереме докажана и прифатлива личност која ќе биде првиот премиер Албанец!“, пишува Ахмети.

Тој изразува благодарност до поддржувачите и вели дека успехот е бидејќи тие имале верба во ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он