Ахмети: Напредува имлементацијата на договорот од Пржино

Од:

Спроведувањето на договорот од Пржино, со исклучок на мали доцнења, напредува и страните сериозно пристапуваат на сите прашања кои произлегуваат од него. Затворањето на главните обврски од овој договор е предуслов за фер и демократски избори во април 2016 година, истакнал денеска лидерот на ДУИ на средбата со унгарскиот амабасадор Јожеф Бенце.

– Процесот на спроведување на структурни реформи ќе се спроведе во согласност со акцискиот план, додека политичкиот фокус треба да се врати во решавањето на поголеми бариери за нашата земја кои ќе овозможат интеграција на Македонија во НАТО и започнување на пристапните преговори со ЕУ, рекол Ахмети, се наведува во соопштението од ДУИ.

Според Ахмети, широката влада составена од трите најголеми партии во земјата треба да превземе храбри чекори со заедничка одговорност за иднината на земјата.

Во врска со експертизата на Охридскиот договор, Ахмети истакнал дека овој процес произлегува од одлуката на Владата на Република Македонија и претставува реализација на барањата наведени во извештајот за напредок на Европската Комисија.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански