Ахмети на средба со Заев во СДСМ

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети попладнево беше во седиштето на СДСМ на Бихаќка. Ахмети не даде изјава по средбата и кажа дека ќе биде испратено соопштение од ДУИ. Од СДСМ веднаш по средбата со соопштение кажаа дека се разговарало а позициите на двете страни.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Ова е прва средба на лидерско ниво помеѓу претседателот на СДСМ, Заев и претседателот на ДУИ, Ахмети, по предвремените парламентарни избори на 11.12.2016 година.

На средбата начелно се разговараше за позициите на двете страни коишто ги застапуваат во овој период, без навлегување во детали или разговори за одделни конкретни прашања.

Во следниот период за очекување е дека ќе продолжат средбите помеѓу двете страни, за што јавноста навреме ќе биде информирана, соопштија од СДСМ.

Средбата се случува во време кога мандатот го има Никола Груевски но и по десет дена од дваесетте предвидени се уште нема договор со ДУИ за формирање влада. Останатите партии на Албанците кажаа дека со Груевски нема да коалицираат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО