Ахмети на средба со Тимониер: ДУИ не е сервис на ниту една партија

Од:

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети се сретна со Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристиан Тимониер, каде што размениле мислења за политичката ситуација по изборите на 11 декември.

Ахмети нагласил дека за ДУИ, стабилноста на земјата е многу важна наспроти локалните, регионалните но и глобалните предизвици. Претседателот на ДУИ се осврнал на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ откривајќи ги нивните приоритети за заокружување на Охридскиот Договор, владеење на правото, добрососедски односи, економски развој и евроатланска интеграција.

„И покрај постојаниот медиумски притисок, ДУИ не се должи на емоциите и преференциите, но рационално и фокусирани на заложбите пред граѓаните, а не служејќи како сервис на било која партија или службеници на другата партија“ соопштуваат од ДУИ.

Ахмети нагласил дека овој медиумски ирационален и преференцијален притисок се обидува да создаде непостоечки теми за органите на партијата за наводно поделби помеѓу различните крила и ова се прави со цел да се ослабне ДУИ. Одлуката на ДУИ треба да создаде стабилност, безбедност, издржливост како и да биде во партнерство со меѓународната заедница бидејќи имаме заеднички интереси и цели, интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, сметаат од ДУИ.

Ахмети го запознал Амбасадорот на Франција дека тие не се брзаат, но сакаат да се осигураат дека очекувањата на граѓаните ќе се исполнат, заедно со разгледувањето и расветлување на оспорените случаи како Монструм, Сопот, Куманово, и прислушкувањата.

За ова, во ДУИ има многу отворена дебата, аргументирана и конструктивна, вклучувајќи ги и претставниците на граѓанското и академско општество.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

Не може да има функционална држава и праведно општество без сеопфатен процес на ветинг со меѓународен надзор, велат од ДУИ

Влен: ДУИ нема свои кандидати на изборите, се надева на милоста на Села и Таравари

ДУИ: Владата молчи за исклучувањето на дијаспората од пресметување на бројот на населението

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

Адеми: Бараме истрага за работата на безбедносните служби од 1945 наваму и проверка на потеклото на имот на сите носители на јавни функции