Ахмети на средба со претставници на ОБСЕ/ОДИХР

Од:

Изборниот законик, Државната изборна комисија, улогата на ОДИХР во предвремените избори следната година биле тема на денешната средба на лидерот на ДУИ Али Ахмети со делегација на ОБСЕ-ОДИХР претставена од Јан Хаукас и Беата Мартин Розумилович.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети истакна дека партијата ги поддржува препораките на ОДИХР и ќе се ангажира тие да бидат вклучени во изборниот законик, особено препораката за балансирање на гласовите за пратеник во Македонија во споредба со припадниците во дијаспората.

– Во врска со активното регистрирање на гласачите, Ахмети изрази сомнеж за изводливоста на овој процес затоа што тоа го негира правото на глас на повеќе граѓани кои привремено живеат во странство. Избирачкиот список треба да биде исчистен на транспарентен начин, со набљудување на политичките партии и на меѓународната заедница, преку административна споредба на сите постоечки бази на податоци во институциите во земјата како и сите проверки на терен, се наведува во соопштението.

Лидерот на ДУИ ја истакна потребата за стручно вклучување на ОДИХР во работните групи на политичките партии во земјата за време на разговорите околу изборните реформи.

Во однос на избирачкиот модел, Ахмети нагласи дека ДУИ се залага за отворени листи на кандидати и проценува дека моделот со шест изборни единици е порепрезентативен и фер, додека во однос на единиците на дијаспората, смета дека треба да се прифати препораката на ОДИХР или да им се овозможи на граѓаните кои живеат во странство да гласаат за кандидатите во Македонија, стои во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски

Бајрам Реџепи: Тетово треба да биде инклузивна и отворена општина

А1он