Ахмети на Рама му ја честита победата, а на Бериша организацијата на изборите

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети му честита на претседателот на Социјалистичка партија Еди Рама за победата на парламентарните избори во Албанија.

– Граѓаните на Албанија одлучија да Ви ја дадат довербата за владеење во следните четири години. Тоа преставува голема одговорност за Вас и за Вашите соработници, но јас сакам да ве уверам дека во тие Ваши напори ќе најдете посветен партнер во ДУИ и во мене, пишува Ахмети.

Тој воедно изразува подготвеност за соработка во реализацијата на, како што наведува, заедничките проекти кои ќе ги зближат граѓаните уште повеќе и ќе придонест за посигурен регион, стабилен и оддржлив мир, економска перспектива и целосно интегрирање во евроетлантските структури.

Ахмети испрати честитка и до албанскиот премиер во заминување и лидер на демократите Сали Бериша за организацијата на изборите и текот на изборниот процес.

– Сакам да ја изразам мојата благодарност за Вашата готовност и посветеност за наша меѓусебна одлична соработка низ годините со цел да постигнеме подобар животен стандард за нашите граѓани. Посебна сакам да ја истакнам мојата благодарност за вашето присуство на централната прослава за одбележување на 100 годишнината на албанската азбука во Скопје, како и официјалниот почеток на одбележувањето 100 години од Денот на албанското знаме како и на независноста на Албанија, како две многу значајни годишнини за албанскиот народ, стои во честитката.

Лидерот на ДУИ е убеден дека Бериша ќе продолжи да придонесува за стабилна Албанија, економски развиена и интегрирана во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Полицијата употреби гумени куршуми и солзавец против демонстрантите во Тирана

(ВИДЕО) Хаос во Албанија. Демонстранти палат и кршат продавници, повеќе од 150 повредени

(ВИДЕО) Тирана e во пламен: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Скандал во Албанија со интимни снимки од познат композитор и жени од јавниот живот