Ахмети на негово барање порано од предвиденото дал исказ за „Попис“

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска бил во Обвинителството за организиран криминал и корупција, на распит за пропаднатиот попис во 2011 година.

Ахмети во обвинителството дошол порано на негово барање, околу 8 часот, дал исказ и заминал, иако првично беше најавено дека ќе се дојде во 10 часот, потврдуваат оттаму.

Истрагата по предметот „Попис“ ја отвори поранешното СЈО, за потоа да ја преземе ОЈО за организиран криминал и корупција.

Случајот се однесува на пропаднатиот попис во 2011 година, организиран од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според СЈО, со стопирањето на пописот на населението тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој сега е во бегство, Никола Груевски и неговиот коалициски партнер во владата Али Ахмети, нанеле штета на Буџетот во висина од 2,8 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Владата да се избира со „извршен Бадентер“, предлага Али Ахмети

Катерина Ѓуровски