Ахмети на мала врата турка изедначување на македонскиот и албанскиот јазик

Од:

Партијата на Ахмети, на мала врата, заедно со измените во Деловникот и Законот за Собрание, сака да ги изедначи македонскиот и албанскиот јазик во законодавниот дом.

ДУИ ќе форсира унапредување на употребата на албанскиот јазик, со тоа што и претседавањето со седниците ќе може да биде на албански јазик.

„Добро е претседавањето на пленумите и на албански јазик да се реши во рамките на работата на работната група. За ова има основа во Уставот“, смета потпретседалката на Собранието, Сузана Салиу.

За ова да биде спроведено ќе треба и автентично толкување на Законот за употребата на јазикот кој го говорат најмалку 20 отсто од граѓаните.

Во ДУИ велат дека доколку ова прашање не успеат да го истуркаат преку работната група, тогаш прашањето ќе го отворат преку редовната собраниска работа.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он