Ахмети на четири месеци до изборите предложи кандидат за градоначалник на Липково

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на повеќе од четири месеци до изборите, соопшти дека го предлага актуелниот градоначалник на Липково, Еркан Арифи, повторно да биде кандидат за мандат во оваа општина. Тој посочи дека кандидатот ја има поддршката на сите комитети на ДУИ. За да ја соопшти веста, Ахмети сподели фотографии кој се направени за време на пандемијата со коронавирус, а на кои само десетина од стотина лица, носат заштитни маски.

„Еркан има едногласна поддршка од сите локални совети и граѓани, бидејќи тој направи добра и добра работа за жителите“, напиша Ахмети.

На фотографиите, каде ретко кој носи маска, се гледаат и министрите Артан Груби, Бујар Османи, како и пратеникот Арбер Адеми. Од фотографиите се гледа дека иако направени за време на пандемија, а непознато кога точно, меѓу присутните нема никаква дистанца како заштита од пренесување на вирусот.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата