ВИДЕО: Ахмети му заблагодарил на Столтенберг за придонесот за Охридскиот договор

Од:

Членството на Македонија во НАТО како процес за зајакнување на мирот и стабилноста, била една од темите за кои разговарале лидерот на ДУИ, Али Ахмети и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Ахмети средбата ја оцени како значајна и изјави дека му се заблагодарил на Столтенберг за придонесот за Охридскиот договор.

„Му се заблагодарив на Столтенберг за придонесот на НАТО за реформите во последните 16 години и за придонесот за Охридскиот договор. НАТО има улога на спасување на земјата и зачувување на нејзината територијалност “, рече Ахмети.

Додаде дека Столтенберг порачал дека сѐ уште има место за знамето на Република Македонија, но неопходно е прифатливо решение за името.

Столтенберг на средбата со Ахмети потенцирал дека НАТО очекува храброст за спроведување на реформите, а истото го очекуваат и граѓаните.

Во врска со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов кој синоќа стави вето на Законот за употреба за јазиците, Ахмети рече дека не очекувале ваква одлука и дека Иванов имал шанса да го промени својот имиџ.

„Законот ќе се врати во Собранието, а волјата на мнозинството пратеници е овој Закон да помине“, заклучи Ахмети.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Москва е загрижена од плановите на НАТО