Ахмети му ја честита победата на Трамп

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција – ДУИ, Али Ахмети му го честита изборот на Доналд Трамп за нов американски претседател.

– Имам посебна чест во името на сите поддржувачи и членови на ДУИ, како и во мое лично име, да му ја честитам победата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, со најискрени честитки за успешно претседавање и продлабочување на пријателството и стратешката соработка кон остварување на заедничките цели, се вели во честитката од Ахмети.

Соединетите Американски Држави, се додава, се глобален лидер на демократијата и на човековите права, како и промотер на вредностите на солидарноста, затоа го изразувам моето убедување дека избраниот претседател ќе го продолжи вековниот пат за промовирање на овие вредности во светот на албанско-американското пријателство.

– Земјите од Западен Балкан, како и Албанците во целина, се стремат кон иста цел со САД, демократизација и евро-атланска интеграција на нашите земји така што нашето партнерство кон остварувањето на заедничката цел ќе продолжи непречено. Исто така, дозволете ми да и честитам и на Хилари Клинтон за достоинствената кампања, како и да ја изразам длабоката благодарност на мојата заедница за големиот придонес на семејството Клинтон за мирот и стабилноста во нашиот регион, се додава во честитката од Ахмети до Трамп.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он