Ахмети: Меѓународната заедница да помогне за името

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети испрати писмо до генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен во кое наведува дека решението на спорот за името со Грција е многу значајно не само за Република Македонија, туку и за Западен Балкан, исто како што и договорот меѓу Косово и Србија влијаеше позитивно врз целиот регион.

– Ние остануваме ваш посветен партнер во постигнувањето на оваа цел и ја користам оваа прилика да повторам и да ја нагласам потребата за итното вклучување на меѓународната заедница во олеснувањето на процесот што е можно поскоро, посочува Ахмети во писмото.

Сите постигнувања на Македонија по Охридскиот мировен договор, истакнува тој, се резултат на заедничката инвестиција на меѓународната заедница и на локалните лидери.

– Но, крунисувањето на сите овие постигнувања сериозно се отежнува од нерешениот спор за името со нашиот јужен сосед Грција што ги попречува нашите стремежи за членство во НАТО и ЕУ. За нас, НАТО нема алтернатива. Затоа, се сложувам со вас дека времето за НАТО е сега и дека се очекуваат храбри и визионерски одлуки од страна на политичарите затоа што само така се придонесува за одржлив мир, стабилност и сигурност, добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и економски развој, посочува Ахмети во писмото до Расмусен.

Тој му се заблагодарува на Расмусен за средбата за време на неговата посета на Скопје на 22 мај, како и за неговото писмо од 2 јуни.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он