Ахмети: Меѓуетничките и добрососедските односи, покрај реформите се предуслов за интеграциите

Од:

Меѓуетничките и добрососедските односи, покрај многуте реформи, се предуслов за интеграција на Македонија во НАТО и Европската Унија, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на митинг во Шемшево.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети, осврнувајќи се на политичката ситуција во земјата, го оцени како многу значаен Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија и изрази надеж дека наскоро ќе има компромис и со Грција за затворање на прашањето за името на Македонија.

– Која е нашата крајна цел? Нека се отстранат барикадите, нека се отстранат границите. Зошто да чекаме со часови на граници, било во Косово, било во Албанија, Грција, Бугарија, Србија. Западен Балкан треба да ги отстрани границите исто како што тоа го направи цела Европа, бидејќи, така се зајакнува мирот, стабилноста, се постигнува вистинското помирување, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ во неговиот говор во Шемшово, нагласи дека во 2001 година државата која направи Албанците да го кренат својот глас поради игнорирање на нивните барања, сега, 16 години подоцна, ги надмина овие предрасудии.

– Сега ова поглавје е затворено и сега Албанците се сериозно ангажирани, бидејќи оваа држава е и наша и сите треба да работиме и да придонесеме за наше добро и доброто на државата, порачува Ахмети.

На собирот беше презентирана и програмата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на општина Јегуновце.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори