Ахмети: Македонија или ќе се интегрира или ќе се изолира

Од:

Али Ахмети ја заврши посетата на Брисел, Хаг и Париз со средба со новоименуваниот директор на Директоратот за проширување на ЕУ, Кристиан Дениелсон, соопштија од партијата.

За време на средбата со Дениелсон, Ахмети изразил надеж дека Македонија ќе добие датум за преговори за време на неговиот мандат. Лидерот на ДУИ ги напоменал заедничките достигнување на Македонија во соработка со меѓународната заедница и нагласил дека сите тие постигнувања се загрозуваат со нерешавањето на прашањето со името.

Македонија, рекол Ахмети, се наоѓа пред избор од два правци, патот на интеграцијата или тој на изолацијата. Ние, додал тој, го одбравме патот на интеграцијата како единствена заедничка иднина на сите граѓани на Македонија.

– Токму за тоа решение треба да се дебатира отворено и храбро во нашето општество со поглед кон иднината и да се претстават сите аргументи за и против патот на интеграцијата или тој на изолацијата – порачал тој.

Лидерот на ДУИ за време на посетата приреди и работен ручек за постојаните претставници на Грција и Бугарија при Европската Унија. На ручекот, Ахмети побарал да се интензивира дијалогот помеѓу соседите и страните да седнат да разговараат околу отворените прашања за да се решат час поскоро.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански