Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу важен чекор за земјава

Од:

Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и ситуацијата во регионот, се дел од темите на кои разговарал претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на денешната средба со амбасадорот на Република Чешка во земјава, Јарослав Лудва.

Како што информираат од ДУИ, Ахмети изразил благодарност за поддршката на Република Чешка на нашиот пат кон европската интеграција и вооедно го информирал амбасадорот Лудва за скрининг процесот кој се одвива.

На средбата, како што се посочува во партиското соопштение, уставните измени се опишани како многу важен чекор за земјата.

-Опозицијата мора да рефлектира и да дејствува во согласност со повиците на меѓународните партнери и да ја забрани блокадата на земјата за интеграција во ЕУ. Република Северна Македонија треба да продолжи со потребните реформи затоа што земјата мора да ги приближи локалните и европските стандарди. Република Чешка секогаш ја поддржуваше нашата земја и нè охрабрува да ги направиме уставните измени што е можно поскоро, се наведува во партиското соопштение.

Двајцата соговорници разговарале и за предизвиците со кои се соочува регионот, со посебен акцент на нормализацијата на односите Приштина – Белград и финализирање на спорот со взаемно признание.

Чешкиот амбасадор го поканил претседателот на ДУИ Али Ахмети на ручек со групата амбасадори V4 на земјите од Вишеград.

Би можело да ве интересира

Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција

(ВИДЕО) Ахмети: Четврт векот од Охридскиот договор да не најде горди како вчера, а не омаловажени и потценети, како денес

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Јас и Албанците се залагаме за унитарна, заедничка и еднаква Македонија

Албанскиот претседател се сретна со Али Ахмети и порача дека Албанците се одлучувачки фактор во Македонија

ДУИ одбележа 23 години од основањето, Ахмети побара предвремени парламентарни заедно со локалните избори

А1он

Ахмети: Албанците се над 30%, нема да дозволат да бидат слуги во својот двор