ВИДЕО: Ахмети ќе ги ангажира сите капацитети за успешен референдум

Од:

Како што господ ни помогна во овие 17 години така ќе ни помогне и сега, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети за време на одбележување на 17 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Ахмети додаде и дека ќе ги ангажира сите капацитети за да референдумот не биде неуспешен.

„Со договорот победуваат од политичарите до обичниот граѓанин”, рече Ахмети.

Според лидерот на ДУИ, со членството на Македонија во ЕУ, целиот регион ќе биде постабилен.

„И Европа ќе стане посилна со членството на Македонија во Унијата”, додаде Ахмети.

На прославата свој говор имаше и премиерот Зоран Заев. Заев се осврна само на референдумот велејќи дека тој ќе донесе благосостојба во Македонија.

Премеирот додаде и дека Македонија им покажала на сите оти грешат кога велат дека Грција е непријател на нашата земја.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби