(ВИДЕО) Ахмети: Јас не сум препродавач на Бит пазар за да давам или земам министерства

Од:

Јас не сум препродавач на Бит пазар за да давам или земам министерства, вели Али Ахмети, одговарајќи на прашање дали ќе отстапи позиции за влез на Беса во Владата. ДУИ сè уште не знае како ќе постапи по информациите за влез на Беса во Владата, но Ахмети тврди дека неговата партија не е гледач, туку играч во политиката.

„Јас не ги фалам моите функционери, бидејќи секој работи за да се покаже сам себеси и да ги покаже своите можности. Не е битно дали јас ќе ги фалам, граѓаните ќе одлучат за тоа“, рече Ахмети по ова прашање.

За случајот „Монструм“, каде вчера се спомена името на функционерот од ДУИ, Невзат Бејта, Ахмети нема информации и додава дека објаснување треба да се бара во судскиот процес. За селективната правда, според лидерот на ДУИ, ако новинарите знаат за какви било пазарења, тогаш треба да ги демаскираат, односно ако има селектива правда кај судиите и обвинителите да ја обелоденат.

„Не го делам вашето мислење дека пратениците правеле криминал. Ако во рамките на ДУИ има функционери кои ја злоупотребуваат довербата и ги злоупотребуваат средствата на граѓаните ве молам да ги демаксирате со име и презиме, но и факти. Тоа направете го пред органите на правдата, во Обвинителството. Јас не сум обвинител, јас сум политичка партија која е заинтересирана работите да одат во правилен тек. Прашањата кои се против интересите на граѓаните треба да добијат заслужена казна“, тврди Ахмети.

Тој ја поздрави неусловната препорака од Европската Комисија велејќи дека пред Македонија има многу предизвици до зачленувањето на земјата во Европската Унија.

„Нè очекуваат многу предизвици, како судските реформи, борбата со корупцијата, но и исполнувањето на препораките од Европската Унија. Од нас се очекува да бидеме проактивини како општество, за нашата заедничка иднина, како на власта, така на опозицијата“, додава Ахмети.​

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски

ДУИ: Потребни се итни реформи и уставни измени

ВРЕДИ: Коалицијата на ДУИ се стопи како пластелин

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми