Ахмети ја поздрави посетата на Бајден на Косово

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во денешното соопштение наведува дека „претседателот на партијата Али Ахмети ја поздравува историската посета на Косово на големиот пријател на албанската нација и на целиот регион, заменик претседателот на САД, Џо Бајден“.

– Улогата на САД за мирот, безбедноста и стабилноста во регионот е незаменлива и многу ценета, а придонесот на господинот Бајден во сите овие напори е невообичаен. Ние сме благодарни за придонесот на САД и посветени сме без ниту една резерва кон остварувањето на нашата заедничка цел, демократско општество и целосна интеграција на регионот во НАТО и Европската Унија, се посочува во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден е опериран од рак на кожата на челото

САД: Дневниот брифинг повеќе не му се доставува на поранешниот американски претседател Бајден

Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција

Пропаднаа разговорите помеѓу Тачи и Ахмети

Ахмети: Јас и Албанците се залагаме за унитарна, заедничка и еднаква Македонија

Трамп нареди истрага за „заговорот“ за прикривање на менталното здравје на Бајден