Ахмети ја објави декларацијата потпишана со коалицијата „Вреди“за уставни измени

Од:

Европскиот фронт денеска ја објави заедничката политичка декларација, што заедно со лидерите на албанската опозициска коалиција „Вреди“ ја потпишале на 13 јануари годинава, дека ќе соработуваат само со политичките партии согласни за спроведување на уставните измени.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, посочи дека покрај него потписници на декларацијата се Арбен Таравари, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити.

– Имајќи ја предвид состобата во која се наоѓа државата и должноста што jа имаме кон граѓаните, чувствуваме обврска да изјавиме дека сме целосно решени, сега и во иднина да соработуваме и да владееме заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени како услов за продолжуванье на процесот на интеграција на земјата во ЕУ, стои во документот што го прочита Ахмети пред присутните.

Без да прецизира, Ахмети вели декларацијата е потпишана по направени консултации, посочувајќи дека Европскиот фронт ќе биде столб за мирот и стабилноста на земјава, бидејќи како што рече, местото на Северна Македонија е во Европската унија.

– На 13 јануари заедно со господинот Таравари го потпишав овој договор. Ние сме многу рационални и сме убедени дека повеќе од било кога треба стабилност, мир, добри односи меѓу заедниците, потребни се нула проблеми со соседите и целосно членство во Европската унија. Емоциите да ги оставиме зад себе, сите да правиме напори да направиме цврсти структури на државата со овие капацитети. Европскиот фронт е подготвен да биде носител на процесите за нашата земја да се зачлени таму каде што и е местото, рече Ахмети.

Во декларацијата меѓудругото се вели дека предложените уставни измени имаат создадени ситуација која бара внимателно разгледување, отворен дијалог и заедничка посветеност за изнаоѓање на трајно и сеопфатно решение.

– Во овој дух на единство и колективна одговорност jа претставуваме оваа заедничка политичка изјава, согледувајќи ја итноста и тежината на предизвиците со кои се соочува Северна Македонија, стои во договорот.

Би можело да ве интересира

Вреди: Клопчето се одмотува – фамилијарните скандали први на тапет

Горан Наумовски

Ахмети: Непочитувањето на договорите има последици по сталибноста и легитмитетот на институциите

Таравари му посака на Ахмети „убаво и мирно опозиционерство“

Катерина Ѓуровски

Меџити: „Вреди“ ќе биде новата политичка структура која ќе биде носител на успешна институционална транзиција

ВРЕДИ за Ахмети: Зошто коленичи да влезе во влада со тие што ги обвини дека работат за Путин

Предраг Петровиќ

ЛДП: Уставните измени треба да бидат карта за влез во ЕУ, а не за политички пазарења