Ахмети изнел предлози пред амбасадорите за надминување на политичката криза

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со амбасадорите на Италија, Германија, САД, Франција, Велика Британија и на ЕУ ги изразил ставовите на партијата во врска со политичката криза во земјата и предложил конкретни иницијативи за нејзино надминување со цел враќање во нормала и фокусирање на приоритетната агенда на мир, безбеност, евроатланската интеграција, добри меѓуетнички и соседски односи и економскиот развој.

Како што соопшти ДУИ, амбасадорите го запознаа Ахмети со нивните ставови за политичката криза во Македонија и ја оценија конструктивната улога на ДУИ.

– Лидерот Ахмети истакна дека ДУИ е партнер на меѓународната заедница во напорите за решавање на сите предизвици кои тие ги идентификуваа. Тој изрази благодарност до меѓународната заедница за конкретната соработка во надминување на тешката состојба во Куманово, се вели во соопштението.

Воедно, се посочува, Ахмети уште еднаш изрази сочувство за жртвите во Куманово и истакна дека настаните на 9 и 10 мај не се определба на албанскиот народи не ја одразуваат политичката волја на Албанците.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански