Ахмети и Орав разговарале за настаните по пресудите за „Монструм“

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и амбасадорот на Европската Унија во Скопје Аиво Орав на денешната средба разговарале околу ситуацијата во земјава по изречувањето на пресудата против шест лица со доживотен затвор за случајот „Монструм“.

Како што се наведува во сооштението од ДУИ, амбасадорот Орав нагласил дека официјален Брисел заедно со претставниците на меѓународната заедница во земјава со внимание ги следат настаните во Македонија поврзани со овој случај.

Ахмети, како што се наведува, повторно ја нагласил потребата за мирна манифестација на незадоволството за да не се комплицира и отежнува уште повеќе овој случај. Лидерот на ДУИ ги нагласил очекувањата дека Апелацискиот суд ќе ги земе предвид сите општествени сомнежи во врска со развивањето на судењето во случајот „Монструм“ и дека ќе одлучи праведно.

– Нарушениот кредибилитет на овој процес може да ја поврати довербата на јавноста само преку еден транспарентен процес во кој што ќе се презентираат доказите и ќе се докаже вината. Овој процес треба да се надгледува од искусни експерти од меѓународната заедница кои што ќе имаат целосен пристап врз целиот процес и сите докази, рекол Ахмети.

Лидерот на ДУИ на средбата посочил дека ги разбира напорите на политичките сили како и на тие што претендираат да станат такви во иднина за да ги искористуваат овие незадоволства на граѓаните, но се надева дека ова искористување на ситуацијата нема да подразбира и поттикнување насилство.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански