Ахмети и француската амбасадорка Оер разговараа за евроинтеграцискиот процес

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети и амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, денеска во седиштето на партијата, разговараа за евроатлантските интеграции на Македонија, имплементирањето на Охридскиот договор, како и економскиот развој и меѓусебната соработка.

На средбата, според партиското соопштение, Ахмети го изрази своето задоволство за силната и права определност на францускиот претседател Франсоа Oланд во врска со решавањето на прашањето за името и интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ.

– Оваа определност не охрабрува за да ги продолжиме нашите напори кон постигнување компромис помеѓу Република Македонија и Грција, рекол Ахмети.

Според него, Охридскиот Договор ќе продолжи да се имплементира, но, како што нагласил, и тој договор е блиску поврзан со изнаоѓањето решение за спорот со името затоа што интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ носи сигурност, стабилност, ги релаксира меѓуетничките односи, ги унапредува добрососедските односи и овозможува економски развој на земјата.

Амбасадорката на Франција Оер изрази благодарност за одличната соработка со сите претставници на ДУИ во извршната власт, а таа, според соопштението, ја нагласила готовноста да помогне во сите процеси што ја поправаат климата на толеранција и помирување во Македонија и посебно за евроатлантската интеграција на земјата.

Соговорниците разговарале и за потребата за искористување на фондовите за развој на Европската унија и билатералната соработка помеѓу нашите две земји.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

ВЛЕН: ДУИ е последната партија што треба да зборува за ЕУ

Адеми: Европската Комисија ни даде најслаби оценки, такви не сме добиле во последните десет години

Влен: НАИ сè уште е во изборен молк

Горан Наумовски

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината