Ахмети: ДУИ одигра контруктивна улога во решавањето на кризата

Од:

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, по средбата со словенечкиот амбасадор, во седиштето на партијата, се сретна со директорот за Континентална Европа во француското МНР, Француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер и нивните соработници.

На средбата Ахмети порачал дека ДУИ одиграла значајна конструктивна улога во решавањето на политичката криза на Македонија и ги поставила државните пред партиските интереси.

„Лидерот Ахмети истакна дека ДУИ одигра конструктивна улога во решавањето на тешката политичка криза и ќе продолжи со напорите за постигнатиот компромисен договор да успее. ДУИ дејствувала со целосна одговорност поставувајќи ги државните интереси пред партиските и одлучи да помогне во решавањето на кризата, а не да ја продлабочи со постапки кои би биле од корист на ДУИ, а не на државата. Ахмети ја потврди поддршката за договорот на 2 јуни, како и посветеноста на ДУИ со сите страни за да се постигне успех до изборите закажани за април 2016 година“, се вели во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он