Ахмети: ДУИ нема да дозволи непочитување на Деловникот

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со американскиот амбасадор Пол Волер во партиското седиште во Мала Речица.

Ахмети му пренел на амбасадорот дека ДУИ е сконцентрирана да ги искористи сите институционални механизми за да ги реализира програмиските определби кои се дел од владината програма, како што е истакнато и во владиниот извештај за имплементацијата на Охридскиот договор, кој е доставен до Европската Комисија.

„ДУИ се залага за дијалог во општеството, решавање на отворените прашања преку дебата и констркутивен приод кон предизвиците пред нас. Претседателот Ахмети го изрази своето убедување дека законите треба да важат за сите подеднакво и дека политичките сили нема да дозволат суспендирање на демократијата во земјава преку еднострани стандарди или преку непочитување на Деловникот и Уставот“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Лидерот на ДУИ и Волерс се согласиле дека Македонија ја очекува битна одлука во декември и дека земјава треба да ја осигура поддршката од сите земји членки на Европската Унија.

„Двајцата соговорници разговараа околу економскиот развој на земјава при што претседателот Ахмети ја подвлече значајноста да се соработува со сериозни инвеститори, посебно за реализација на тетовската слободна економска зона“, пишува во соопштението на ДУИ по средбата на Ахмети со американскиот амбасадор.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он