Ахмети: ДУИ е свесна за тешките одлуки кои треба да се преземат

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети оствари средба со холандскиот амбасадор Воутер Пломп, со кого разменија мислења за ситуацијата создадена по изборите на 11-ти декември и за иднината на земјата, соопшија од ДУИ.

Ахмети истакнал дека ДУИ внимателно ја следи состојбата и е свесна за тешките одлуки кои треба да се преземат во блиска иднина, земајќи ги предвид создадените околности, додаваат од партијата.

Ахмети нагласил дека јазичната еднаквост, системските реформи, економската еднаквост и интеграцијата остануваат приоритети, но и транспарентноста на судските постапки кои резултираа со дилеми во јавноста, велат од ДУИ.

ДУИ е посветена на остварувањето на својата политичка програма во согласност со очекувањата на граѓаните во овие тешки и предизвикувачки времиња. Ахмети зборуваше и за потребата за подготвување и одобрување на заедничка политичка платформа на албанските парламентарни партии и ДУИ останува посветена и целосно отворена за да се постигне успех во оваа исклучително важна иницијатива, порачуваат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Владата да се избира со „извршен Бадентер“, предлага Али Ахмети

Катерина Ѓуровски