Ахмети: Без ДУИ нема решение на кризата

Од:

Политичката криза може да се реши само со дијалог меѓу политичките субјекти со посредство на меѓународната заедница, но и со вклучување на ДУИ во тој процес, ова го порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во својот воведен говор на почетокот на првиот тематски конгрес на партијата.

„ДУИ верува дека од овој дијалог со кој треба да се надмине политичката криза мора да произлезе и општонароден консензус за решавање на прашањето со името”, рече Ахмети.

Ахмети повторно го повика лидерот на СДСМ Зоран Заев да ги објави сите материјали што ги поседува за него и за ДУИ, при што порача дека тој нема што да крие.

„Ништо да не остане сокриено. Се што постои за ДУИ нека излезе на виделина. Секој мој разговор и службен и приватен. Јас не водам политика со двојни стандарди. Не мислам ноќе какво зло да направам дење. Нашите политики се државотворни и транспарентни. Нема тајни средби или тајна соработка ниту со ВМРО-ДПМНЕ ниту со СДСМ. Единствен стратешки партнер ни е народот”, додаде Ахмети.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата